Спасовски: Нема да има митинзи, најважно е политичарите да ја пратат пораката дека се почитуваат мерките

Има начини во време на пандемија што може да се искористат за да им се доближиме на гласачите. Нема да има митинзи, а најважно е политичарите да ја пратат пораката дека се почитуваат мерките, рече премиерот Оливер Спасовски при денешниот престој во Пирлеп одговарајќи на прашањето како ќе се одвива изборната кампања и ќе се испратат пораките до гласачите.

– Мислам дека има многу начини како да допреме до избирачите. Има медиуми, има социјални мрежи, има разни иновативни начини преку кои може да дојдеме да ги соочиме политичките концепти, а сепак тоа да биде безбедно за сите нас, за граѓаните. Секако, таму каде што ќе се процени дека може да се направат мини средби со почитување на сите мерки на дистанца на носење на опрема ќе го направиме и тоа, средбите со целните групи, посебни информации за претставување на програмата на политичките субјекти. Значи, сите опции кои ни стојат на располагање во времето на оваа пандемија ќе бидат искористени за да се доближиме, што е можно повеќе до граѓаните, рече Спасовски.

Техничкиот премиер нагласи дека најбитна е пораката која ќе ја испратат политичарите дека се почитуваат мерките, за сите да го прават тоа.

– Најважно е политичките субјекти да ја праќаат пораката дека се почитуваат мерките. Најважно е оние кои излегуваат во кампањата да не ги гледам на слики кои завчера ги видов од некакви собири на опозициони партии на кои сите заедно се гушнати, без маски. Со тоа праќаат порака дека не треба да ги почитуваат мерките. Одговорноста на политичарите е најголема во оваа држава, зашто ако сакаме сите други тоа да го почитуваат, тоа треба ние први да го правиме, изјави Оливер Спасовски при денешниот престој во Прилеп. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот