Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 2, Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче имаа средба ова попладне со здравтствени работници во Куманово.

– Повеќе ниту еден лекар не сака да си оди од државата, знаат луѓето дека се платени, дека се ценети и почитувани и тоа е најважната реформа во здравството на којашто сме горди и којашто ќе повлече многу други унапредувања и успеси во здравството, рече Спасовски.

Нагласи дека е планирано да се зголемат платите на лекарите уште 40 отсто во следниот четиригодишен мандат.

– Мораме да продолжиме да инвестираме, посебно во здравството, полицијата, пожарникарските служби, во сите оние кои се први во реакцијата во ситуација на кризи и од чија спремност зависи доброто на граѓаните и на целото општество. Тука во Куманово, вложивме во Ургентеn центар од 900.000 евра, а планираме да ја гасифицираме болницата. Ние домаќински ги насочуваме парите на граѓаните, за да бидат поркиени нивните потреби, а не како режимот што повикува на поддршка да биде обновен, што го сруши до пепел здарвството и го интересираат само тендери за да крадат, додаде тој.

Истакна дека на докажаните херои во здравството на 15 јули ќе им биде доверена довербата за сигурно здравје или „на неодговорни политичари истурена рака на Груевски, како Мицкоски и соработниците кои блокираат проекти за пари од Светска банка за вложувања во здравството”. ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој е опасност, СДСМ е сигурност,  да излеземе на гласање на 15 јули и да гласаме за број 3″.

– Сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза. Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати. Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме. Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со коронакризата. Во три години, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега. Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите, рече претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот