Спасов: Предлогот за укинување на влада според Договорот од Пржино треба да се прифати

Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов е на став дека на земјава не и требаат предвремени парламентарни избори, и дека предлогот за укинување на влада според Договорот од Пржино на 100 дена пред изборите треба да биде прифатен, а за една изборна единица треба политички договор.

– Не се потребни предвремени избори. Предлогот за укинување на влада според Договорот од Пржино на 100 дена пред изборите треба да биде прифатен. Македонија мора да се враќа во нормалa. Тоа беше привремено решение во услови на целосна недоверба меѓу власта и опозицијата. Што се однесува до тоа Македонија да биде една изборна единица и тоа не треба да биде проблем ако има договор. Секој одговорен политичар мора да знае дека преку изборниот модел треба да се постигнуваат две основни цели. Првата е да се обезбедува максимална репрезентативност во Собранието од една страна и втората е да се обезбедат услови за формирање стабилно мнозинство во Собранието и стабилна влада, изјави Спасов за „Слободен печат“.

Според него, пропорционален модел со една изборна единица без изборен праг го задоволува првиот услов но не и вториот и оттука како во сите земји мора да има изборен праг од 2 до 3% за влез на некоја партија во Собранието или бројот на пратениците во Собранието да се намали на 90 па за секој избран пратеник пак да бидат неoпходни минимум 15 илјади гласови.

– Секој друг вид на уцена е неодговорен чин и нема да доведе ниту до повеќе демократија ниту до поголем успех на малите партии ниту до постабилни влади на долг рок. А тоа е исто толку важно за земјава колку и обезбедувањето поголема репрезентативност. Македонија всушност не треба да измислува топла вода. Само нека види кај постои таков модел и какви резултати дава. Имаме и доволно експерти во таа област, нагласи професорот Спасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот