Спасете се од првутот со природен шеќерен пилинг

Козметиката што ја користиме за нега и регенерација на косата вклучува шампони, маски и регенератори. Меѓутоа таа козметика првенствено се грижи само за косата. Многу жени забораваат на темето на кое исто така му треба поддршка, особено по завршување на летото.

Често дома можеме да пронајдеме производи кои многу успешно можат да се користат во нега на нашето тело. Една од тие состојки е шеќерот.

Ако сакате да се спасите од првутот и од себумот, потребен ви е пилинг. Можете да направите природен шеќерен пилинг, кој освен што е лесно достапен, не предизвикува иритација или алергии.

Ќе ви биде потребна само една лажица шеќер на една доза шампон.

Додека ја миете косата, додајте една лажица шеќер во шампонот и масирајте го влажното теме.

Повторете ја постапката неколкупати за да го покриете целото теме.

Потоа темелно исплакнете ја косата со млака вода, а можете да користите и ладна вода за дополнително да ја поттикнете циркулацијата на крвта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот