Спа и велнес центрите чекаат зелено светло од Владата

Се препорачува услугите како базени, сауни и парни бањи да не се користат, како и да нема групирање во спа, велнес и во фитнес центрите, вели Александар Мандов, претседател на Спа и велнес асоцијацијата на Македонија

Во салоните за здравје, вежбање, водена релаксација и убавина има дури 4.230 вработени. Дел од таканаречените велнес и спа центри, работат во хотелите чие отворање е закажано за денеска и тие со нетрпение ги очекуваат посетителите Но, на сите им е јасно дека многу услуги мора да се скратат и дека работењето мора да подразбира одредени протоколи.

Владата се уште не даде зелено светло за работа на базените (освен за членови на пливачки клубови), за теретаните, фитнес центрите, за салоните за масажа и убавина. Со цел безбедно користење на вакви услугите кои нудат дури 936 правни субјекти низ државава, Спа и велнес асоцијацијата на Македонија (СВАМ), во соработка со меѓународното здружение Глобал велнес институт, изработи „Спа прирачник ковид 19“, кој е даден на разгледување во Комисијата за заразни болести.

Претседателот на СВАМ, Александар Мандов вели дека сите се во  очекување на позитивна одлука од страна на Комисијата.

– Спа, велнес и фитнес центрите и пред пандемијата ковид-19 имаа високи стандарди за безбедност и хигиена,  и тие генерално се применуваа од хотели со 5 ѕвезди. Теретаните, фитнес центрите, салоните за убавина во урбаните средини потешко ги имплементираат безбедносните и хигиенските протоколи, вели Мандов.

Сепак, тој вели дека се препорачува услугите како базени, сауни и парни бањи да не се користат, како и да нема групирање во спа, велнес и во фитнес центрите.

– Препорачуваме да работат тертаните, секако под одреден безбедносен протокол, како и да има масажи и третмани за разубавување. Притоа, меѓу масажите, сметаме дека треба да има најмалку 30 минути разлика од она што се препорачуваше во нормални услови, временско растојание од 5 до 10 минути. Сега, се препорачува отворање на врати и на прозорци по секој третман и целосна дизинфекција, пред да дојде другиот корисник, вели Мандов.

Мандов објаснува дека во Прирачникот е предвидено гостите да пополнуваат медицински прашалник пред секој третман и букирање неколку денови предходно.

Според него, хотелите генерално се подготвени за започнување со работа, но потребни се поголеми безбедносни протоколи со кои СВАМ им излегува во пресрет со Прирачникот за безбедно работење на спа, велнес и на фитнес центрите што може бесплатно да го симнат од новната официјалната страница svam.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот