СП: Српските ракометарки ја „срушија“ и Германија!

rss.org.rs

Женската ракометна репрезентација на Србија ја совлада денеска Германија со 29:28 (19:17) во вториот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Јапонија. Претходно на стартот од оваа фаза славеа и против Јужна Кореја.

Српските ракометарки имаа и пет голови разлика во текот на првото полувреме, истата брзо се стопи, но не се предаваа и не се откажуваа пред налетите на Германките.

После добрата завршница Србија замина на одмор со водство од два голови разлика, но противничките се вратија и преку Вергер стекнаа предност од 23:24 и се најави една неизвесна завршница.

Германија до последната минута имаше и 27:28, веднаш успеа да израмни Јелена Лавко. Потоа, Јована Рисовиќ со одбрана го запре нападот на Германките. На спротивната страна Лавко повторно ја презема одговорноста и беше фаулира за седмерец. Во последните секунди од мечот од пенал голем триумф донесе Кристина Лишчевиќ.

Со овој триумф ги задржаа шансите и за полуфинале на СП, но и за место во квалификациите за Олимписките игри, за што е неопходна барем седмата позиција. На 11 декември ќе играат против Данска во одлучувачкиот дуел.

Моментно Србија има четири бода како Норвешка и Холандија, еден помалку од Германија. Доколку Данска и Јужна Кореја ги победат Холандија и Норвешка, тогаш Србинките во последната рунда ќе имаат можност со победа над Данска да се изборат за место во борбите за медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот