СП 2023: Шведска лесно против Унгарија, Шпанија ја надигра Полска

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Во последните натпревари од првиот ден од вториот круг на 28 Светско првенство, Шведска лесно и убедливо пред своите гледачи ја совлада Унгарија, додека Шпанија славеше против кодомаќинот Полска.

За Швеѓаните доминираше Ване со девет погододи, а кај Шпанците блескаа А. Дујшебаев, Фернандез и Фигуерас со по четири погодоци. Двете репрезентации направија нов чекор кон четвртфиналето.

Шпанија-Полска 27:23 (16:15)

Шпанија: Коралес, Де Варгас – Фернандез 4, Алекс Дујшебаев 4, Соле 2, Фигуерас 4, Канељас 3, Касадо 1, Гвадиола 2, Ривера 2, Дани Дујшебаев 2, Одриозола 3.
Полска: Моравски, Корнецки – Једрашчик 4, Олејничак 2, Бис 2, Шичко 7, Чувара 3, Морито 5.

Шведска-Унгарија 37:28 (18:14)

Шведска: Паличка, Апелгрен – Карлсбогард 1, Дарј 1, Екберг 3, Ване 9, Клар 5, Лагергрен 6, Готфридсон 3, Бергендал 2, Сандел 1, Јохансон 6.
Унгарија: Миклер, Секељи, Бока 5, Роста 7, Илиќ 1, Банхиди 3, Солоши 1, Зита 1, Анчин 3, Бодо 3, Лекаи 2, Хануш 2.

СП во ракомет
Главна фаза, резултати –

Група „1“

Иран – Словенија 21:38
Франција – Црна Гора 35:24
Шпанија – Полска 27:23

Табела:
1. Шпанија 6 бодови
2. Франција 6
3. Словенија 4
4. Црна Гора 2
5. Полска 0
6. Иран 0

Група „2“

Португалија – Бразил 28:28
Зеленортски Острови – Исланд 30:40
Шведска – Унгарија 37:28

Табела:
1. Шведска 6 бодови
2. Исланд 4
3. Португалија 3
4. Бразил 3
5. Унгарија 2
6. Зеленортски Острови 0

Словенија го декласираше Иран во главната фаза на Светското ракометно првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот