Советот на Федерацијата ги ратификуваше договорите за анексија на четирите украински региони

Совет на Федерација/ Фото Kommersant Photo Agency / ddp USA / Profimedia

Советот на Федерацијата (Горниот дом на Рускиот парламент) со акламација ги ратификуваше договорите за анексија на Луганскиот, Доњецкиот, Запорошкиот и на Херсонскиот регион кон Русија.

Припојувањето на тие украински региони вчера го одобри Долниот дом односно Думата, а претходно на седница во неделата тоа го стори и Уставниот суд на Руската Федерација.

Договорите со руските назначени шефови на окупираните украински територии беа потпишани на 30 септември врз основа на т.н. референдуми организирани од Русија. Западните земји се изјаснија дека не ги признаваат резултатите на тие плебисцити, оценувајќи ги за наместени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот