Советот на ЕУ ја усвои директивата за соодветна минимална плата

Европски совет/ Фото: ЕУ

Советот на ЕУ денеска ја усвои директивата за соодветна минимална плата речиси две години откако беше предложена од Европската Комисија.

Директивата предвидува процедури за соодветен минимален приход за работниците, промовира колективни договори и го засилува пристапот до заштита на минималната плата за оние работници за кои тоа е предвидено во националното законодавство на нивната држава.

Заменик министерот за труд и социјални работи на Чешка го поздрави усвојувањето на директивата, велејќи дека во време на енергетска криза ова претставува порака на надеж.

-Минималната плата и колективното договарање за плати се силни алатки кои можат да бидат искористени за сите работници да заработат плата која ќе овозможи пристоен стандард на живеење, рече заменик министерот Марјан Јуречка.

Директивата не оди дотаму да воведе минимална плата во земјите кои немаат таква политика, а тоа се шест во ЕУ. Оние кои ја имаат треба да се осигурат дека е „соодветна”. Оваа адекватност ќе треба редовно да биде тестирана, предвидува директивата, кога се менуваат условите, како во случај на инфлација. Референтната вредност што им се предлага на земјите членки е 50 отсто од просечната плата.

Законот треба да биде преточен во националното законодавство на земјите членки во рок од две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот