Советник на ВМРО-ДПМНЕ нападнал колега стоматолог

Стоматологот, Благоја Бисеркоски, пријавил во полиција дека бил нападнат од свој колега, 42-годишниот Петар Ристески.

Благоја Бисеркоски пријавил во МВР дека бил нападнат од свој 42-годишен колега Петар Ристески. Ристески пак е дипломиран стоматолог, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп и координатор на советничката група на оваа партија.

На својот фејсбук профил стоматологот Благоја Бисеркоски напиша:

„Само да ве информанира дека сношти околу 20.45 часот, отидов во слаткарницата „Дизниленд“ и надвор седеше Петар Ристески, кој ме пречека со еден куп вулгарности на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму. Следуваше пријава во полиција, записник, прекршочна пројава“, напиша Бисеркоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот