Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето

Фото: МИА

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје го обвини градоначалникот Петре Шилегов за високата загаденост која вечерва е забележана во главниот град.

„Загаденоста и вечерва се движи од 2 – 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е над 100 микрограми на метар кубен.

Цело Скопје дише загаден воздух над половина милион граѓани се трујат, а Петре Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето, ниту пак за подобрување на квалитетот на воздухот.

Неспособноста во справување со загадувањето го нотира и ЕК, која во својот извештај пишува дека иако власта и централна и локална е во рацете на една партија, што би требало да значи подобро справување со проблемот на загадување, сепак не е направено ништо на тоа поле.

ЕК јасно порача дека ниту Зоран Заев, ниту Петре Шилегов направиле нешто за подобар и почист воздух. Напротив Скопје се гуши, повеќе од кога и да било претходно.

Откако е Шилегов градоначалник, ниту едно дрво не е засадено, ниту една нова зелена површина не е направена.

Шилегов не направи, ама баш ништо од она што го ветуваше, затоа мора да си замине, и затоа граѓаните ќе го казнат.“, напишаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот