Совет: Како брзо и лесно да ги излупите печените пиперки за ајвар

Фото: Profimedia

Лупењето пиперки за ајвар е најмакотрпниот дел во подготовката на најпосакуваниот деликатес. Сепак, постои еден одличен трик кој ќе ви ја олесни работата.

Подготовките за зимската сезона започнаа, а ајварот секако е незаменлив дел од неа. За да направите совршен ајвар, треба да испечете и излупите поголема количина пиперки. За да си ја олесните работата околу лупењето пиперки за ајвар искористете го овој мал трик. Веднаш штом ќе ги испечете пиперките, веднаш ставете ги во пластична кеса.

Потоа предфрлете ги во длабок сад и покријте ги со најлонска фолија или ставете ги во тенџере кое ќе го покриете со капак. За ова може да се користи дури и пластична кутија за храна.

Пиперките на овој начин ослободуваат вишок течност и пареа, која ја омекнува лушпата и ви овозможува без проблем да ја лупите. Доколку сакате пиперките да мирисаат на чад, излупете ги во сад наполнет со вода.

Исто така, не ги држете долго покриени, само додека не се изладат доволно за да се држат во рака без да се изгорите.

Пинџур, ајвар, малиџано: Традиционални македонски рецепти за зимница

Рецепт за лутеница на лесковачки начин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот