Рецепт за лутеница на лесковачки начин

Фото: Профимедиа

Нема ништо повкусно од домашна лутеница. Лутеницата е зачинет специјалитет од зеленчук, по текстура и вкус слична на ајварот, но со лут вкус. Лутеницата е популарен деликатес, а кој спаѓа во зимница, и во македонската и во српската кујна.

Најголемата разлика помеѓу лутеница и ајвар е што лутеницата може да се подготви од термички необработена пиперка. Состојките вклучуваат пиперки, лук, масло, шеќер, сол и домати.

Состојки:

– 1,5 кг пиперка
– 1 кг зрели домати
– половина кг лути пиперки
– 100 мл вински оцет
– 200 мл масло
– 125 г шеќер
– половина ќесичка мелен бибер
– сол по вкус
– 4-5 чешниња лук
– 1 ќесичка конзерванс

Подготовка:

Прво прелијте ги доматите со врела вода за полесно да се излупат. Исечете го на четвртинки и ставете ги во тенџере заедно со винскиот оцет, шеќерот и биберот. Измешајте сè, ставете на рингла и пржете. Кога ќе почне да врие нека се вари 1 час.

Свежите лути пиперчиња и пиперката сомелете ги во машина за месо, додадете сè во тенџерето и оставете да се вари уште 1,5 час, повремено мешајќи. Пред крајот на готвењето посолете по вкус и на крајот додадете ги ситно сечканиот лук и ќесичката конзерванс. Сè убаво измешајте, сипете во претходно стерилизирани тегли, почекајте да се излади и чувајте на темно суво место во оставата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот