Состојбата со воздухот во Њу Делхи никако да се подобри, училиштата остануваат затворени

Њу Делхи
Њу Делхи загадување/ Фото EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Главниот град на Индија не се справува со загадувањето, поради што властите наредија затворање на училиштата и факултетите од утре, на неодредено време.

Врховниот суд ја критикуваше одлуката на градската администрација за повторно отворање на образовните институции и покрај многу лошиот квалитет на воздухот, пренесува Ројтерс.

Градските власти на Њу Делхи минатата недела одлучија повторно да ги отворат училиштата и колеџите по претходното затворање поради екстремно загадување.

Врховниот суд, кој испрати претставка до јавноста во врска со неспособноста на градските власти да го спречат загадувањето на воздухот, изрази ужас поради повторното отворање на училиштата и факултетите.

Сè повеќе деца во Њу Делхи завршуваат во болници поради отежнато дишење, што ги зголемува грижите на нивните родители.

Забраната за градежни работи и влез во градот за камиони со дизел мотори кои превезуваат несуштинска стока ќе остане на сила, изјави Гопал Раи, градски министер за животна средина, шуми и развој на дивиот свет.

Тој ги повика граѓаните да користат јавен превоз, а локалните власти изнајмија дополнителни 700 автобуси со природен гас за да ги охрабрат луѓето да го користат јавниот транспортен систем.

Раи додаде дека ќе се интензивира примената на мерките за намалување на количеството прашина, како прскање вода од противпожарни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот