Состојбата на Пеле е стабилна

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Легендата на светскиот фудбал и еден од најдобрите играчи во историјата, Пеле, кој во средата беше примен во болница во Париз, се чувствува подобро и не се наоѓа во животна опасност.

„Се чувствувам многу подобро. Антибиотиците имаат ефект и резултатите се добри. Им благодарам на сите за искажаната љубов. Спремен сум повторно да играм“, напиша 78-годишниот Бразилец.

Тој беше примен на лекување поради уринарна инфекција но сè уште не се знае кога ќе биде отпуштен од болница. Пеле дојде во Франција за да се сретне со фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот