СОСТОЈБА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО СВЕТОТ ДО 18 ЧАСОТ: Над 100.000 заразени, починати повеќе од 3400

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот денеска надмина цифра од 100.000 луѓе. Од епидемијата починаа повеќе од 3.400, а вирусот се прошири во повеќе од 90 држави. Шест земји денеска пријавија први случаи. Стапката на смртност е 3,4 отсто што е далеку над стапката на смртност од сезонски грип која е под еден отсто.

СЗО – Сите земји треба да ја направат топ-приоритет борбата за запирање на ширењето на Ковид-19 свој најголем приоритет, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).Агенцијата на ОН истакна дека борбата против епидемијата бара земјите да работат заедно. „Сега сме на работ да бидат регистрирани 100.000 потврдени случаи”, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, на брифинг. „Тоа (епидемијата) географски се шири и длабоко загрижува”.

Ватикан – Ватикан соопшти за прв заразен со новиот коронавирус и затвори оддели за да спречи ширење на вирусот.

САД – Пријавени се денеска 57 нови случаи на заразени. За првпат има во Колорадо, Мериленд, Тенеси и Тексас како и во Сан Франциско. Околу 230 се заразени и 12 досега починаа.

Франција – Претседателот Емануел Макрон ги повика граѓаните да го сведат на минимум посетите на роднини поради ризик од заразување со новиот коронавирус.

Германија – Министерството за надворешни работи ги обнови препораките за патување во странство со совет поради епидемијата – да не се посетуваат области во италијанската алпска провинција Јужен Тирол и други места во северна Италија.

Данска – Властите побараа откажување собири со цел запирање на ширењето на новиот коронавирус. Препораката е валидна најмалку до крајот на овој месец. По соопштението донесена е одлука Евровизија да се одржи без публика.

НАТО – Прес службата соопшти дека постојано ја следи здравствената состојба на членови  кои се во операции и упатија препорака акредитираните новинари да не ја посетуваат централата ако имаат симптоми или контактирале со заразени од новиот коронавирус.

Полска – Полските полицајци нема да тестираат возачи за алкохол во крвта. Оваа недела во Полска беше пријавен првиот случај на заразен со новиот вирус. Властите апелираат жителите да осанат во домовите, да работат од дома, училишта се затворени, а голем број јавни настани се откажани.

Сан Франциско – На патниците на крузер на брегот на Калифорнија им е наредено да останат во нивните кабини додека чекаат резултати од тестот што може да покаже дали коронавирусот е присутен на брод каде има повеќе од 3.500 луѓе. Властите го презедоа тестирањето откако еден патник на претходното патување со бродот починал од коронавирус, а најмалку четворица други се заразиле.

Москва – Еден од пет лица позитивни на новиот коронавирус во Москва е во критична состојба. Во изминатите 24 часа регистрирани се шест нови случаи на заразени со Ковид-19 во Русија.

Лондон – Членови на Амбасадата на Велика Британија се повлечени и останат е само минимален број за извршување на работите.

Катар – Кувајт се подготвува да испрати авиони во Италија за да евакуира свои жители, додека планови имаат и за евакуирање свои државјани од Иран. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот