Состанок во Кремљ поради која се налутени во Брисел: Орбан му се поклони на Путин

Путин Орбан EPA-EFE/

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан и Путин планираат да разговараат за развојот на билатералната соработка на трговскиот, економскиот, енергетскиот и културниот фронт, како и да разменат мислења за клучните прашања поврзани со обезбедувањето на европската безбедност.

Путин Орбан EPA-EFE/

Посетата на Орбан на Москва во екот на кризата на украинско-руската граница предизвика главно остри реакции во Брисел, бидејќи според аналитичарите, премиерот на Унгарија го загрозил единството на ЕУ кога е во прашање односот на НАТО и ЕУ кон Русија.

Многумина од аналитичарите сметаат дека токму поради мигот во кој доаѓа нивната средба преставува симболичен чин. Имено се смета дека овој билатерален состанок на Орбан и Путин, единаесетти по ред всушност има за цел да се упати симболична порака дека ЕУ не е динствена и дека не баш сите држави на ЕУ се против Русија во донос на украинската криза.

Фото: Принтскрин

Сличен состанок двајцата лидери одржаа и во 2014 година веднап по руската анексија на Крим, по што многумина се запрашаа дали можеби Унгарија е „Тројански коњ на русите меѓу западните држави


„Премиерот Орбан сака оваа средба да биде удар со кој ќе убие две муви.  Од една страна, тој сака да ги задржи посебните односи на неговата земја со Русија, а од друга страна, во светло на претстојните избори во Унгарија, сака да ги задоволи енергетските потреби на неговата земја, односно да го зголеми количеството гас што Русија го испорачува за Унгарија “, сметаат политичките коментатори

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот