Сослушани 5 осомничени за убиството на Американецот во Белград: Бил претепан, удиран со метална вага и секира

Петмина осомничени во врска со убиството на американскиот државјанин Глим Гавин Кемп во Звездара беа сослушани денес во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судот да определи притвор за сите осомничени, изјави за Танјуг портпаролот на обвинителството, Ивана Ракошевиќ.

ВИДЕО I Пронајден куферот на убиениот Американец во Белград: Полицијата ја опколи Скадарлија

Сите се товарат за кривично дело тешко убиство од алчност, што се казнува со најмалку 10 години затвор.

Обвинителството се сомнева дека Американецот бил убиен така што бил удиран по рацете и нозете, исто така бил претепан со метална вага и со секира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот