Сопственикот на Сити ќе им го плати превозот на навивачите за финалето во ЛШ
Газдата на Манчестер сити, шиекот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, најави дека ќе го финансира летот и ќе ги плати сите трошоци за превоз на 6.000 навивачи на „граѓаните“ кои ќе присуствуваат на финалниот натпревар во Лигата на шампионите кој ќе се игра на „Драгао“ во Порто.
Сити на 29. мај на „Драгао“ во финалето на елитното натпреварување ќе игра против Челси, а газдата на „граѓаните“ се одлучи пријатно да ги изненади своите навивачи.
– Пеп Гвардиола и екипата имаа фантастична сезона. Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е историски момент за нашиот клуб. Неверојатно важно за нас е да има што поголем број на навивачи на овој посебен натпревар. Посебно тие навивачи кои долги години се покрај Манчестер сити и во добри и во лоши времиња – изјави шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан.
His Highness Sheikh Mansour will fund the flight and transfer costs for the Official Club trip to the #UCLfinal in Porto at the end of the month 💙
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5rehttps://t.co/FxFwnS5WJB
— Manchester City (@ManCity) May 18, 2021
Тој на овој потег се одлучи за да ги намили финансиските трошоци на навивачите кои сè уште се соочуваат со предизвици предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
Од клубот потенцираат дека сопственикот е свесен за големите трошоци како и и за скапите ПЦР тестови, и затоа сака да им помогне на навивачите.
Според португалските власти, навивачите на Сити и на Челси поради ограничувањата во Порто ќе смеат да престојуваат најмногу 24 часа, па поради тоа газдата на Сити ќе организира чартер летови за навивачите на денот на одигрување на натпреварот.