Сопственик на медиум приведен од Талибанците во Кабул

Талибанските власти го привеле сопственикот на приватната авганистанска телевизиска мрежа / Фото: EPA-EFE/NAWID TANHA

Талибанските власти го привеле сопственикот на приватната авганистанска телевизиска мрежа Ареф Нури. Синот на Нури, Роман Нури, изјави за авганистанскиот сервис на РСЕ дека талибанските безбедносни сили вчера влегле во семејната куќа во Кабул и го одвеле неговиот татко.

Тој посочи дека талибанци облечени во униформи на службата за национална безбедност го опколиле и влегле во домот, без налог и одбиле да кажат каде е одведен неговиот татко.

Авганистанското здружението на слободни новинари посочува дека четворица новинари се уапсени или претепани од страна на талибанските власти во Авганистан во последните денови. Според здружението судбината на двајца од нив е непозната.

Талибанците воведоа „екстремно опасни“ правила за новинарството.

Талибанците, кои користеа строга интерпретација на исламскиот шеријат за време на нејзиниот последен мандат на власт од 1996-2001 година, ја презедоа власта во Кабул во средината на август, предизвикувајќи загриженост за иднината на слободните медиуми и човековите права во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот