Сопругот на американската потпретседателка Камала Харис даде отказ на работа

Камала Харис со сопругот Даглас Имхоф / Фото: EPA-EFE/DNCC

Даглас Имхоф, сопруг на новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис, до јануари 2021 година ќе ги напушти сите свои работни обврски во „ДЛА Пајпер“, една од најголемите правни фирми во САД, за да се посвети на поддршка на новата администрацијата на Џо Бајден.

Даглас Имхоф / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Во соопштението од изборниот штаб на Бајден се вели дека Имхоф земал неплатено отсуство во август, веднаш откако Џо Бајден објави дека Камала Харис е неговиот избор за потпретседател на САД.

Најавено е дека сопругот на новоизбраната потпретседателка ќе ги прекине сите врски со неговата компанија „ДЛА Пајпер“ до инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари во 2021 година.

Камала Харис и Даглас Имхоф се во брак од 2014 година, кога таа ја извршуваше должноста државен обвинител во Калифорнија, по што во 2017 година беше избрана за сенатор во американскиот Конгрес.

Која е Камала Харис, новата потпретседателка во Белата куќа, која себеси се нарекува „среќен воин“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот