Солскјер за две новогодишни желби ќе троши 90 милиони фунти!

EPA-EFE/PETER POWELL

И оваа сезона не блескаат „црвените ѓаволи“, иако стратегот Оле Гунар Солскјер потроши добри пари во текот на летниот период.

Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ во јануари планира додатно да биде засилен составот, а нивните желби се познати.

Според „Дејли Стар“, се тврди дека на Солскјер му се одобрени 90 милиони фунти со цел во зимскиот период да ангажира двајца играчи, станува збор за играчот за врска од Њукасл, Шон Лонгстаф и напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Тие се поврзуваа со трансфер во Јунајтед и во текот на летото, немаше конкретни понуди, но се очекува да ги има на почетокот од 2020 година.

После седум кола во Премиер лигата, екипата на Манчестер јунајтед се наоѓа на 10 позиција на табелата со девет бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот