Сок од цвекло, морков и портокал – Вкусен, колку што е здрав !
Најдобар и најздрав е домашниот сок кој сам ќе си го направите. Освен освежувачки пијалок, ќе добиете и здрав еликсир кој ќе го препороди вашето тело.
Еден од тие пијалоци е и овој за кој пишуваме. Сок од морков, цвекло и портокал е изненадувачки вкусен и сладок.
Корисни особини на сокот од цвекло, морков и портокал се:
– Го смалува крвниот притисок
– Го чисти џигерот
– Лечи анемија
– Ја зголемува издржливоста и ја смалува болката во мускулите
Извор е на калиум, магнезиум, витамини А, Б6, Ц, антиоксиданти и растворливи влакна.
Состојки:
– 1 цвекло
– 500 грама моркови
– 1 килограм портокали
Подготовка:
– На сите состојки извадете им ги лушпите и ставете ги во соковник
– Добиениот сок конзумирајте го во текот на денот