Соиграч го исфрли Јокиќ од салата откако ја заби топката (ВИДЕО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Соиграч го исфрли Јокиќ од салата откако ја заби топката (ВИДЕО)

Кошаркарот на Денвер нагетс ги воодушеви соиграчите откако направи нешто што ретко го прави на натпреварите и тренинзите, ја заби топката.

Никола Јокиќ минатата сезона беше избран во најдобрата петорка во НБА лигата, а во новата сезона се очекува да го однесе Денвер нагетс чекор подалеку од ланското конференциско полуфинале.

Тој иако е еден од највисоките кошаркари во НБА лигата, ретко ја забива топката, минатата година тоа го стори само еднаш на официјален натпревар, но најави дека во новата сезона ќе се поправи и на тој план.

На еден од тренинзите на Денвер ги воодушеви своите соиграчи кога тој акцијата ја заврши со забивање. Забивањето беше поздравено со овации, а соиграчот Тони Крег од радост го исфрли Јокиќ од салата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close