Социјалните служби од Струмица одредија старател за трите малолетници од семејството на повреденото 4-годишно девојче

Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Откако со тешки повреди по телото пред 5 дена четиригодишно девојче е згрижено во Клиничкиот центар во Скопје, социјалните служби за другите три малолетни деца од ова семејството одредиле старател по службена должност, потврдија од Министерството за труд и социјална политика за Телма.

Згрижувањето на трите деца доаѓа откако случајот го пријавиле од општата болница во Струмица по што тим од Центарот за социјални работи излегол на терен и утврдиле дека децата привремено се згрижени кај дедото, а отпочната е процедура за сместување во згрижувачко семејство.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека семејството не е евидентирано во систем, бидејќи привремено престојувале во Струмица и немале лични документи, па не остваруваат ниту права од социјална и детска заштита, објави Телма.

Службите на Министерството, согласно законските прописи ќе пристапат и кон работа со мајката заради зајакнување на капацитетите во делот на родителство и грижа за децата, а во тој период децата ќе бидат сместени во згрижувачко семејство.

Инаку, четиргодишното девојче со гангренозни рани и скршени ребра првично е примено во струмичката болница по што поради сериозноста на повредите, истиот ден е префрлено на Детската клиника во Скопје.

За случајот ОЈО Струмица отворени и истрага која ги проверува наводите на мајката дека девојчето е повредено при напад на куче.

Стабилна состојбата на четиригодишното девојче

Четиригодишното дете од Струмица во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија, потврди за МИА, директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска – Чолаковска.

– Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска – Чолаковска.

На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести било донесено четиригодишно женско дете, како што рече Цвејоска – Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.

 

 

Двегодишното девојче од Кичево на Ургентен било донесено во кома

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот