ЕспресоХрана

Сочни полнети пилешки ролнички, нема да можете да им одолеете

Дури и оние кои внимаваат на килограмите и начинот на исхрана, би ги пробале овие превкусни полнети пилешки ролнички.

Сочните пилешки ролнички полнети со шунка, кулен и кашкавал обложени со крцкава сланина, со сигурност ќе се прилагодат на сечиј вкус. Дури и оние кои внимаваат на килограмите и начинот на исхрана, би го приготвиле овој специјалитет.

Потребно е :

– 500 грама пилешки гради

– 200 грама шунка

– 200 грама сушена сланина исечена на тенки парчиња

– 150 грама кулен

– 200 грама кашкавал

– ајвар, маслиново масло, сол, зачин

– бибер, бел лук, чили, пиперки

Подготовка:

Исечете го месото на тенки парчиња. Додајте малку масло, бибер, зачини, сол, лук, пиперки, малку лути пиперки и измешајте ги сите состојки заедно.

Сортирајте ги тенките парчиња сланина на една алуминиумска фолија, а потоа распоредете го месото со зачините и намачкајте го со ајвар.

Потоа одозгора наредете тенки парчиња кашкавал и кулен, а дури потоа полека виткајте ја фолијата до крај заедно со смесата, за да добиете ролат во форма на ролна.

Така зготвениот ролат ставете го во сад за печење на 200 степени Целзиусови и оставете го да се пече околу 45 минути. По 20 минути отстранете ја фолијата и продолжете да печете.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close