Собраниската расправа за уставните судии заврши околу 22 часот, гласањето допрва треба да се закаже

Седница на собранието на РСМ/Фото: МИА

Пратениците на денешното продолжение на 88-тата седница, кое траеше до доцна вечерва, ја завршија расправата за изборот на судии на Уставниот суд по што заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека дополнително ќе се закаже седницата на која ќе се гласа.

Во собраниската сала се дебатираше за изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за судии во Уставниот суд.

Во попладневниот дел од денешното продолжение на седницата во салата беа присутни мал број пратеници и главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатуваа критики за компетентноста на Васиќ Бозаџиева.

– Уставниот суд ќе продолжи да биде партиско собиралиште на членовите на СДСМ и ДУИ. Нема независен уставен суд, ако судиите се зависни, потенцираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот