Со воз од Белград до Ниш со 200 километри на час: Еве што значи „варијанта 4“ за пругата до Македонија

воз скопје железничка станица возови
Железничка Скопје/ Фото: МИА

Пругата со која ќе се стигнува од Белград до Скопје, како што стојат работите, нема да подразбира и изградба на сосема нова траса до Велика Плана, како што од порано е предвидено,туку ќе се оди преку Младеновац, пренесува српскиот бизнис порталот еКапија.

Неодамно е најавено дека изградбата на оваа пруга е поддржана и од ЕУ со 700 милиони евра, па претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека „Србија ја прифатила варијанта 4“.

– Варијантата 4 предвидува реализација на брзина од движење на воз до 200 километри на час на пругата од Белград до Ниш, при што се исклучени делови од пругата за кои е процееното дека со зголемување на брзината ќе се доведе до значително зголемување на инвестициите, воглавно поради локалните ограничувања, а најголемиот број од станиците би се задржале на постоечките локации – велат од Министерството за градежништво за „еКапија“.

Со кинеската компанија „CRBC“ пред две години потпишан е Меморандум со кој е предвидено унапредување на капацитетите на делови од пругата Белград-Ниш-Прешево-државната граница на Македонија.

– Меморандумот за разбирање на проектите за реконструкција на делот на Коридор 10 ја дефинираше потребата од анализи на техничко и комерцијално ниво. Проценетата вредност на инвестицијата за делот Белград-Ниш е околу 2,2 милијарди долари, а за делницата Ниш-Прешево-државната граница со Северна Македонија потребни се околу 2,1 милијарди долари – пренесуваат од ресорното Министрство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот