Со три милиони денари од Министерството без ресор во Берово се подобрува патната инфраструктура во ромското маало

Во Берово означен крај на втората фаза од изградбата на улицата „Прохор Пчињски”. За реализација на оваа активност, како што изјави денеска од Берово, пратеникот Самка Ибраимовски, Министерството без ресор одвои нешто повеќе од три милиони денари.

– Жителите од овој дел на градот конечно добиваат соодветна патна инфраструктура и достапност на итните служби за полесен пристап до градот. Со завршување на втората фаза и целосно поплочување на улицата, ќе следува и приклучување на централниот водовод на жителите од овој дел од градот, рече Ибраимовски.

Пратеникот подоцна во Општинската сала присуствуваше на форум-состанок на кој со размена на прашања и идеи се разговараше како преку поголема интеграција да се унапреди квалитетот на животот на ромското население во Берово и во целата држава.

Прочитајте и...  Истражување: Насилството е присутно и во средините без мешан етнички состав

– Во таа насока, Министерството без резор располага со сума од над 20 милиони денари кои се наменети за седум општини каде претежно живее ромско население. Преку проекти изработени од градоначалниците и општините овие средства ќе бидат наменети за решавање на проблемите на ромското население, додаде Ибраимовски.

Во следната година според планираното Министерството без ресор како што беше посочено на форум-состанокот има на располагање средства во висина од 40 милиони денари, со кои ќе се градат нови станбени куќи, додека над 20 милиони денари ќе бидат наменети за канализации, патишта и други инфраструктурни проекти.

Прочитај повеќе

За 24 часа регистрирани 415 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Слободен печат

На анкетите им се „истопи“ рејтингот во јавноста

Комисијата до Владата ќе достави предлог за задолжителен ПСР тест за граѓани од Србија, Косово, Бих и Црна Гора

Слободен печат

Болсонаро го спореди коронавирусот со дожд: На крајот сите ќе бидеме мокри

Слободен печат

Марковиќ: Кој и да победи на изборите ќе има јака опозиција која редовно ќе и „дише во врат“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Андоновиќ: Најава за нови протести во Белград – Револт поради новите мерки или обид за уривање на Вучиќ? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Шкриељ: Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето, продолжуваме на патот на социјалната реформа (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО: Признаваме, се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот

Слободен печат

Новиот француски министер за внатрешни работи е под истрага за силување

Слободен печат

Директорот на ФБИ: Кина е најголемиот противник на САД

Слободен печат

Исмаил од Левица: За разлика од ВМРО ние не буткаме граѓански туку народен концепт, вработување на лица од посиромашни семејства (ВИДЕО)

Слободен печат