Со кинескиот закон забранет Тик ток во Хонгконг

Глобално популарната мобилна апликација за објавување на кратки видео снимки Тик ток повеќе не е достапна за корисниците во Хонгконг поради новиот кинески Закон за национална безбедност.

По усвојувањето на рестриктивниот закон, компанијата „Бајтденс” од Пекинг минатата недела најави дека ќе биде укината апликацијата Тик ток во Хонгконг.

Американските власти изминатите денови најавија дека планираат да ја забранат апликацијата бидејќи корисниците преку неа можат да проследуваат податоци за корисниците до кинеските власти.

„Бајтденс” вчера соопшти дека никакви податоци за корисниците не проследуваат до властите и оти тоа не би го направиле дури и кога би било побарано од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот