Со даден амин и сечење лента: Вицепремиерот Николовски заедно со пет функционери го отвори манастирскиот паркинг во Лешок

На свечен начин официјално беше пуштен во употреба новоизградениот паркинг од 2 300 метри квадратни во тетовски Лешок помеѓу манастирскиот комплекс и специјалната болница за белодробни заболувања.  Паркингот е изграден со средствата од Бирото за рамномерен регионален развој. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека проектот е реализиран по барање на Општина Теарце заедно со манастирскиот комплекс, но со апликација на локалната самоуправа до Биро за рамномерен регионален развој.

Владата сметаше дека за овој регион има приоритет и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари. Тендерските постапки дури и ја намалија вредноста на изградбата. Од голема важност е да имаат пристапност и паркинг простор, со ова овозможуваме полесен пристап за сите туристи кои доаѓаат во овој крај, бидејќи овој манастир е од исклучителна важност за регионот, не само духовна туку и од културна вредност. Тука се наоѓа и државната болница за белодробни болести која што во регион многу се најде особено во оваа ковид криза и токму поради тоа во вистински момент се направи овој паркинг за да можат сите овие објекти кои се наоѓаат тука да имаат пристапност и паркинг простор. Доаѓаа многу автобуси, многу возила и немаа каде да паркираат. На овој начин и за туристите и за сите оние кои што имаат потреба од болницата, овие објекти станаа подостапни и повеќе ги промовираме. Се разбира важно е и за локалната економија. Со доаѓањето на повеќе туристи и општината има поголема корист и економски бенефит. И потпреседателот Љупчо Николовски, помогна да се имплементира овој проект, изјави министерот Горан Милевски.

Градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани ја потенцираше соработката на локалната самоуправа, манастирскиот комплекс и болницата во намерата да се изгради паркингот.

На свечен начин го промовираме паркингот, бидејќи е во интерес на сите граѓани и е барање од сите граѓани не само од Лешок, туку и на ниво на државата. Бидејќи тука е државна болница за пулмологија, а се наоѓа и Лешочкиот манастир. Со владиката г. Јосиф сме ги менаџирале работите во координација,како и локална со централна власт до реализација на овој проект. Ние ќе продолжиме да соработуваме за подобра инфраструктура и во иднина, истакна градоначалникот Асани.

Директорот на болница Исмаил Ваити посочи дека се надминува проблемот со паркирање за пациентите во неговата установа.  

Навистина имавме проблем со паркирањезатоа што болница немаше свој паркинг простор за да ги користат пациентите кои доаѓаат за преглед и лекување. Тука се лекуваат специфични туберкулозни  болни во еден оддел и тоа од цела држава. На другиот кат се третират полесни ковид пациенти каде имаме оддел со 10 кревети, истакна Исмаил Ваити, директор на специјалната болница за белодробни болести. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот