Снимката што ја шокираше Индија: Мртви тела лежат покрај пациенти заболени со коронавирус (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Снимката на која се гледа како мртви тела лежат на кревети во болници покрај пациентите заболени од коронавирусот ја шокираше Индија и откри колку здравствениот систем во некои делови на земјата се мачи да избори со пандемијата, пренесува Гардијан.

Ужасната снимка е снимена во Сион болницата во Мумбај и на неа се гледа тела замотани во црна пластика, покрај пациентите кои се лечат од Ковид-19.

Фамилиите кои одат кај пациентите исто така се гледат на снимката, додека во нивна близина лежат тела.

Снимката предизвика јавен бес и го зголеми стравот присутен кај многу Индијци, дека некои болници ќе станат пренатрупани доколку дојде до пораст на заболените. Официјалните бројки во државата остануваат ниски во споредба со размерите на пандемијата во Европа и САД, во однос на популацијата.

Директорот на болницата, Прамод Ингале за виновни ги посочи фамилиите на починатите, бидејќи не доаѓале да ги преземат телата, па така тие останале во одделенијата, бидејќи мртовечниците биле преполни.

Тој додал дека не се јасни правилата што треба да прави болницата со неидентифицираните тела.

Прописите велат дека телото на Ковид-19 пациент мора да биде отстрането 30 минути откако е прогласен мртов.

Ингале подоцна е сменет, а на негово место е поставен д-р Рамеш Бармал, кој за Гардијан рекол дека „такви работи веќе нема да се случуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот