Смрт во темната вода: Страотни детали од животот на Натали Вуд (ФОТО)

profimedia

Приказната за Натали Вуд и нејзината прерана смрт веројатно е една од најраширените мистерии во Холивуд. До денес не е разрешено дали станува збор за несреќен случај или за убиство, а главен осомничен е нејзиниот сопруг Ричард Вагнер.

Натали се удавила откако паднала од јахтата на која вечерта се забавувала со Вагнер и со глумецот Кристофер Волкен. На нејзиното тело биле најдени чудни повреди за кои некои веруваат дека ѝ ги нанел сопругот при расправија, и дека потоа ја фрлил во морето.

Натали цел живот панично се плашела од вода. Познато е дека имала неверојатен страв од вода, кој ѝ го всадила мајка ѝ, откако гатачка ѝ предвидела смрт со давење.

Моќниот мотив на Роберт Вагнер била љубомората, која секогаш била проблем во нивниот брак. Натали двапати се мажела за осум години постариот глумец, а поради неговата патолошка љубомора направила подолга пауза во кариерата бидејќи тој не сакал да глуми.

Robert Wagner i Natalie Wood

Кога добила улога во „Сјај во тревата“, во кој партнер ѝ бил Ворен Бити, Вагнер полудел. Наводно сакал да го убие.

Сето тоа предизвикало не само распад на нивниот брак, туку и остварување на неговите ноќни мори – Натали започнала афера со Ворен Бити.

Related image

Турбулентната врска не потрајала, а таа по раскинувањето се обидела да се убие. Ја спасиле сестра ѝ Моника и мајка ѝ Марија, кои ја однеле во болница откако испила таблети за спиење.

Потоа се омажила со продуцентот Ричард Грегсон и со него ја добила ќерката Наташа. Но набрзо побарала развод бидејќи го слушнала како флертува со неговата секретарка.

По нејзиниот развод Вагнер повторно видел прилика и три месеци по нејзиниот развод пак почнале да се гледаат. Се венчале по вторпат во 1972 година и набрзо се родила ќерка ѝ Кортни.

Natalie Wood i Robert Wagner

Минатата година нејзината сестра Лана реши да ја прекине тишината и откри шокантни детали за силувањето на Натали во познат калифорниски хотел кога имала 16 години. Како што тврди Лана, Натали била намамена во хотелот на интервју, а таму со часови била силувана.

„Ја донесовме Натали до хотелот Chateu Marmont и со мајка ми со часови седевме во автомобилот и ја чекавме. Толку долго чекавме што во еден момент заспав. За тоа време Натали ја силувале“.

Лана Вуд е убедена дека за смртта на нејзината сестра е одговорен Роберт Вагнер и дека Натали никогаш не би излегла само по ноќница.

profimedia

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот