СМЕА ДО СОЛЗИ: Звуци од порно филм на промоцијата на Филипе Луис! (ВИДЕО)

sportbible.com

Вкупно осум сезони Филипе Луис (33) го носеше дресот на „јорганџиите“, во летото 2010 година дојде од редовите на Депортиво со тоа што една сезона помина во Челзи.

Освен за Атлетико, Челзи и Депортиво, настапуваше уште за Б тимот на Реал Мадрид, Рентистас, Фигуеиренсе, а беше и член на Ајакс.

Ова лето му истече договорот со Атлетико, ја продолжи кариерата во Фламенго каде што е и официјално промовиран, но нема да ја заборави оваа прес конференција.

Беше подготвен да одговори на прашањето на новинарот на кој почна да му ѕвони мобилниот телефон од кој се слушаа звуци од порно филмови.

Во еден момент молк, а потоа Филипе Луис и челниците на бразилскиот клуб едноставно „пукнаа“ од смеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот