Смален внес на сол и прошетки се лекот за потечени нозе и стапала

нозе стапала

Пролетта доаѓа, а со тоа и желбата за здолништа и „слободни“ нозе, без сто рала чорапи, хеланки, хулахопки, ѕиври, и што уште не.  Но, кога станува збор за нашите стапала и нозе, многумина се соочуваат и со еден непријатен факт-нозете од долго седење или шетање, отекуваат.

Проблемот со потечени нозе ги погаѓа најчесто луѓето од постарата популација, кои имаат послаба циркулација, но и младите знаат по долгочасовна работа на компјутер, или седејќи во една положба, да го имаат сличниот проблем. Исто така, трудниците и жени во мигот кога имаат менструален циклус, имаат потечени стапала или нозе.

Како да си помогнете, и да го ублажите овој проблем?

Движење и чести, куси прошетки

Наместо форсирање со џогирање, тешки вежби или дисциплина која не умеете да ја следите поради обврски, имајте барем едно на ум – движењето и низ канцеларија, станување на секој половина час, барем еден час прошетка во денот ќе ви направат разлика. Куси прошетки или возење велосипед на кратки стази се исто така од помош. За оние кои работат од дома – кренете ги нозете во висина на вашето седење и држете ги така „во воздух“ неколку минути. Или пак кренете ги и потпрете ги на ѕид под прав агол.

Смалена количина на сол во исхраната

Ако јадете пресолена храна, ткивото ќе ви апсорбира течност за да се воспостави балансот на електролити во вашето тело. Затоа треба да ја сведете солта во исхраната на минимум. Најдобро е да јадете сезонско овошје и зеленчук, добри диуретици, а можете да се консултирате и со лекар околу диуретици на билна основа или чаеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот