Слушнале тропање, а потоа се скамениле од страв: Брачен пар се вратил од одмор, а со нив и неочекуван гостин

Фото: Принтскрин

Враќањето од одмор од Франција за британскиот пар Симона и Сали Фентон од едно гратче во Англија завршил како приказна од хорор филмовите, пренесуваат медиумите од Островот.

Кога парот од одморот во Франција, каде уживале во велосипедизам и алпинизам во друштво на своето куче, стигнале пред домот со својот автомобил, најпрво слушнале тропање на кровната кутија, а потоа забележале како некој ги вади прстите, а потоа и цела човечка рака!

Веднаш повикале полиција, а имале и што да видат кога го отвориле багажот. Исплашен, измачен и гладен 17-годишен мигрант се обидувал да го сврти вниманието за да им даде до знаење дека и тој е со нив.

Тинејџерот од Египет потоа бил спроведен во полицијата, а истрагата е во тек, јавува „Би-Би-Си“.

Семејството верува дека мигрантот успеал да влезе во нивниот автомобил додека тие застанале на бензинска да наточат бензин.

– Всушност момчето е многу симпатично и жал ни е што животот го натерал да се впушти во така опасна авантура, па воопшто не му замерувам што на тој начин влегол кај нас – изјавил Фентон за „Би-Би-Си“, па додал дека тој и сопругата буквално се скамениле поради оваа ситуација.

За момчето била отворена истрага, а и понатаму не било познато што ќе се случува со него во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот