Словенечките земјоделци се спротиставија на кризата – овошјето и зеленчукот го продаваат на интернет

Министерството за земјоделие на Словенија објави повик до сите земјоделци да продолжат напорно да работат овој период, а со тоа да обезбедат доволно храна за граѓаните кои поради коронавирусот, во најголем дел се затворени дома.

Производители на овошје и зеленчук во Словенија соочени со намалената продажба но и со штетите предизвикани од мерките за справување со корона вирусот најдоа начин своите производи преку интернет да ги продаваат директно на домаќинствата.

На овој начин и двете страни ќе бидат задоволни, земјоделците за профитот, а домаќинствата за добиените производи без притоа да излегуваат од дома.

Имено, по прогласувањето на епидемијата и рестрикциите на движење, директно беа погодени и помалите производители на овошје и зеленчук. Тие се прилагодија на ситуацијата и овозможија продажба на своите производи преку интернет страници.

Така сега граѓаните можат да си одберат што им треба, да нарачаат и платат преку интернет, а земјоделските производи ќе им бидат донесени до пред домовите.

Министерството за земјоделие на Словенија објави повик до сите земјоделци да продолжат напорно да работат овој период, а со тоа да обезбедат доволно храна за граѓаните кои поради коронавирусот, во најголем дел се затворени дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот