Словенечкиот премиер Голоб обвинет дека се мешал во полициски вработувања

Фото: Domovina.je

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денес конечно се појави да одговара зад затворени врати пред Комисијата за спречување корупција, по обвинувањата дека се мешал во вработувања во полицијата, за што беше обвинет од поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар.

Во изјава по сослушувањето, Голоб, кој долго време избегнуваше да се појави пред комисијата, рече дека ги отфрла обвинувањата, јавуваат локалните медиуми.

Комисијата за спречување корупција отвори истрага против Голоб пред повеќе од една година, откако поранешната министерка Бобнар и поранешниот вршител на должноста началник на полицијата Боштјан Линдав го обвинија за „непристоен политички притисок“ врз словенечкото МВР.

Голоб денешното сослушување го нарече фарса, пред комисијата целосно ги отфрлил сите обвинувања, а на новинарите им кажа дека сега е време за докази и сведоци.

„Денешната постапка е вистинска фарса, јас денес морам да се бранам пред Комисијата за спречување корупција исклучиво поради тоа што се залагав за деполитизација на полицијата, што го најавувавме и во предизборната програма“, изјави Голоб.

Тој додаде дека со ова целосно се поништувале потезите на претходната влада, која „сакала да ја потчини полицијата“ и дека целосно ја поддржува правната држава.

Полицијата исто така поднела кривична пријава против Голоб до специјалниот кабинет на државниот обвинител под сомнеж дека извршил кривично дело корупција „со давање подароци за незаконско посредување“.

Кабинетот на обвинителот може да ја отфрли полициската пријава или да поднесе сопствено обвинение врз основа на полициската пријава и да побара судска истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот