Слика вредна шест милиони евра пронајдена кај старица во Франција, еве каде стоела (ВИДЕО)

Во домот на една старица недалеку од Париз била пронајдена слика во вредност од шест милиони евра, изгубено ремек-дело на италијански сликар.

Како што јавува Би-би-Си, сликата била закачена на ѕид во кујната во стан во францускиот град Компиње. Авторот на ова изгубено ремек-дело е италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе. Станува збор за сликата Christ Mocked, која е дел од серијата слики од крајот на 13 век.

Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра и дека толку ќе ја плати новиот сопственик на аукција во октомври.

Старицата мислела дека сликата е икона. Експертите велат дека нема сомнеж за нејзината автентичност. На сликата биле извршени тестови со помош на инфрацрвена светлина за да се бараат сличности со други дела на италијанскиот сликар.

„Сликата е насликана од истата рака“, рекол експертот Ерик Рукин.

Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, на кои е прикажан Исус Христос и неговото распнување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот