Славниот актер се запушти до непрепознатливост: Фановите се загрижени! (ФОТО)

Profimedia

На овој изглед на актерот Курт Расел никој се нема навикнато. Тој е фотографиран во Лос Анџелес во друштво на сопругата Голди Хоун и синот, а неговиот изглед привлече многу внимание.

Кога се појавија фотографиите, фановите се загрижија, бидејќи изгледа потполно непрепознатливо. Долгата брада и неуредната коса не се издание во кое сме навикнати да го гледаме познатиот актер.

Profimedia

Меѓутоа, се е во ред, а обожавателите можат да здивнат. Сепак на крајот се дозна дека постои добра причина за овој изглед. Всушност, актерот го снима продолжението од филмот „Божиќна хроника“, во кој ја игра улогата на Дедо Мраз.

Поради таа причина тој мора својот изглед да го прилагоди на улогата за да ја долови што повистинито.

Profimedia

Во моментот кога биле фотографирани, тој и неговата сопруга која во првиот дел ја глумеше Баба Мразица, оделе на вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот