Славица Арсова: Eдноставен трик за да изгледате убаво?! Не се прејадувајте

За новинарката Славица Арсова – Цаци не ви е потребен вовед, нели. Туку, ајде да ве воведеме во нејзините навики за мода и убавина преку овој краток и сладок муабет.

Сметаш ли дека во телевизиите треба „под итно“ да се врати професијата телевизиски костимограф?

– Апсолутно! И тоа, не затоа што се сомневам или имам забелешки на стилот на облекување на колегите – новинари, презентери, уредници, туку, за поефектна комуникација со гледачите. Потребно е секој медиум, секоја емисија, секоја програма да има идентитет и визуелна препознатливост. Затоа е неопходен костимограф, за секој поединечен настап да се вклопи во ТВ – приказната, дали тоа ќе биде приказна Вести, приказна Дебата или приказна Линковско јавување, сеедно.

Колку ги следиш модните трендови и случувања?

– Денес е невозможно да не си информиран за модните текови, Интернет сајтовите постојано „напаѓаат“.

Чевли или чанта, на што би ги потрошила последните пари од паричникот?

– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми (се смее, н.з).

Што правиш со гардеробата што си ја изгустирала и веќе не ја носиш?

– Ја подарувам некому за кого сум сигурна дека сака да ја носи.

Имаш ли парче во гардероберот постаро од, да речеме десет години, а за кое сметаш дека никогаш не излегува од мода?

– Да, тоа се неколку сакоа, што можат да влезат во категоријата „чиста класика“.

Без кој моден додаток не излегуваш од дома?

– Обетки, дискретни, а маркантни, има такви.

Според тебе, која Македонка има стил и зошто?

– Извинете, но не би издвоила само една дама со стил. Ги има повеќе во јавниот живот. Едни се постојани во стилот на облекување, шминкање, фризура… Други, пак, со својата креативност изгледаат секогаш различно, имаат моќ на трансформација, а се „им личи“.

Да ни откриеш едно „трикче“ за негување со намирници од фрижидерот?

–  Има еден едноставен трик за да изгледате убаво и негувано – не се прејадувајте со намирниците од фрижидер (се смее, н.з).

Со што ќе се почестиш за Нова година?
– Здравје, со патување !

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот