СКРИЕНО ЗНАЧЕЊЕ: Зошто Меган и Хари го избраа името Арчи Харисон?

арчи харисон
Фото Профимедиа

Спротивно на очекуваното, нивното бебе не доби традиционално име, туку сосема нетипично за кралското семејство – Арчи Харисон.

Откако беше објавено името на синот на Меган Маркл и принцот Хари, фановите на кралското семејство не престануваат со претпоставки за неговото значење.

Постојат теории дека неговото име во слободен превод значи „син на Рејчел и Хари“. Средното име Харисон (Harrison) го преведуваат како „син на Хари“, додека Арчи е изведено од првото име на војвотката Меган, Рејчел.

Инаку, името Арчи е скратена верзија од Арчибалд, што значи верен и храбар. Детето го доби презимето Монтбатен, на прадедото принцот Филип, а Виндзор е местото каде се наоѓа еден од трите главни кралски замоци.

Исто така, еден од роднините на принцезата Дијана се викал Арчибалд Кемпбел.

Прочитајте и зошто еден новинар доби отказ поради малиот Арчи.

БОНУС ВИДЕО:

Дали Арчи Харисон има шанса да стане крал?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот