ДОБИ ОТКАЗ поради РАСИСТИЧКА СЛИКА за кралското бебе

Принтскрин

Новинарот Дени Бејкер денеска бил отпуштен од своето работно место во „Би би си“ откако на Твитер објавил невкусна расистичка слика.

На својот профил објавил фотографија со облечено шимпанзо и опис „кралското бебе ја напушта болницата“.

Тој се обидел да објасни дека воопшто немал расистичка намера, туку само шеговита.

Според „Би би си“, твитот на Бејкер бил сериозна грешка и дека се оградуваат од неговиот став.

Меган Маркл често е на тапет на расистите на социјалните мрежи, поради нејзиното мешано потекло, а злобните јазици не го поштедија ни бебето старо само неколку дена.

расистичка слика
Принтскрин

Прочитајте и што предвидуваа астролозите за бебето на Меган и Хари.

ЈА ИСПОЧИТУВА ТРАДИЦИЈАТА: Галовеј почести мекици за кралското бебе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот