Скопскиот аеродром петти најпрометен во регионот во 2023 година

Патници на Скопскиот аеродром ТАВ/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“.

Низ комерцијалните аеродроми во земјите од регионот минатата година поминале повеќе од 35,5 милиони патници, што е за пет милиони повеќе отколку во 2022. Повеќе од половина од аеродромите лани забележале најпрометна година досега, а дел сè уште се под нивото на превезени патници во однос на периодот пред ковид пандемијата.

Фото: Exyuaviation

Во 2023 година, Скопје првпат го престигна традиционално попрометниот Дубровник, додека Подгорица го надмина Сараево, а Љубљана Задар.

Во однос на периодот пред Ковид (2019 година), белградскиот аеродром бележи 1,8 милиони повеќе патници, приштинскиот еден милион, а скопскиот дополнителни 400 илјади патници.

Најмногу патници лани летале со авиокомпанијата „Виз-ер“ (5,9 милиони), што е за 1,8 милиони повеќе во споредба со 2019 година. Втора е „Ер Србија“ со 5,2, а трет „Рајанер со 3,66 милиони превезени патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот