Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Иако неспоредливо со кумановци кои се во карантин уште од петокот, и на скопјани викендот им е кус за пазарање. Продавниците затвораат главно во 14.30 часот, или малку подоцна, за вработените во маркетите да имаат време да се приберат до почетокот на полицискиот час кој почнува во 16.00.

Граѓаните ги користат и последните мигови да докупат уште нешто од неопходните намирници пред долгата ноќ. Некои со среќа, некои пак секогаш за малку доцнат и се лутат пред затворената врата на маркетите.

[foogallery id=”228904″]

Во 16 часот веќе е време за последно предупредување од страна на полицијата, па автомобилите јурат кон дома понекогаш не внимавајќи на бојата на семафорите.

Набргу потоа се е мирно и нереално по улиците на Скопје на кои сме научиле да има бесконечни колони возила во секој дел од денот. Незапирливо потсетува на филмот „Јас легенда“ со Вил Смит, само што нема зомби.

Само полицијата си ја врши својата работа запирајќи ги оние кои ќе се најдат на празните улици на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот