Скопје има паркинг од соништата – Пајаците немоќни! (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Паркирањето во строгиот центар на Скопје од секогаш претставувал проблем за граѓаните, со оглед на гужвите и цените што се наплаќаат за да се паркираат таму.

Сепак, изгледа дека некои граѓани успеваат да ги заобиколат правилата за паркирање. Просторот под мостовите „Гоце Делчев“ и „Камени Мост“ на кејот на Вардар, веќе подолго време е претворен во паркинг простор. Во текот на летните месеци тука има доволно сенка за возачите да ги заштитат своите автомобили, а што е најважно, никој не им наплатува за паркирањето.

Но, што прават надлежните за да ја спречат оваа појава која предизвикува незадоволни реакции кај граѓаните кои ги почитуваат правилата и паркираат на просторите кои се за таа намена?

– Често вршиме акции со пајаците на Град Скопје и оваа локација често знае да се преполни со автомобили. Ние имаме седум пајаци и од ПОЦ имаат уште три, што не се доволни за да ја покриеме секоја точка во градот. Таа локација, и кога ќе ги подигнат пајаците автомобилите, за брзо се полни со нови – изјавија од ЈП „Градски паркинг“.

Сепак, тие велат дека очекуваат да се најде систематско решение, како што е на пример рампата што неодамна беше поставена кај ресторанот „Мал Алтан“.

[foogallery id=”42095″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот