Скопје: Четири лица полесно повредени во сообраќајќи

Четири лица се здобиле со полесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 11 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не носење сигурносен појас и осум возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак” биле отстранети 52 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот