Скерлев: Џонсон управува со В. Британија од болница, до крајот на април ќе се зголеми бројот на тестирања

-Веста која ги изненади сите е дека Борис Џонсон е однесен во болница. Легнавме и се разбудивме со непроменети информации. Џонсон по инсистирање на неговиот лекар е однесен во болница. Се уште медиумите јавуваат дека има висока температура. Во јавноста се пласира тезата дека нема простор за паника и дека ова се рутински контроли, изјави за „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“ од Лондон, новинарката Жанета Скерлев.

Околу тоа кој всушност управува сега со земјата и дали може премиерот вака хоспитализиран да ја води земјата, Скерлев вели дека Џонсон инсисира на тоа Велика Британија да ја управува од болница.

-Кралицата веднаш по прогласувањето на пандемијата беше префрлена од Бакингемската палата во замокот во Виндзор. Ова е петто обраќање до нацијата на кралицата. Испрати оптимистичка порака, ги пофали луѓето во јавното здравје, вели Скерлев.

Околу дебата и полемиката за што повеќе тестирања, Скерлев вели тоа е една од најголемите прашања моментално.

-Новоназначениот лидер на опозицијата изјави дека ќе ја подржува владата во чекорите за справување со пандемијата, рече дека не може, а да не ја критикува за тестовите. Министерот за здравство вети дека до крајот на април ќе се зголеми бројот на тестирањата. Мислам дека бројката ни оддалеку не онакава колку што всушност е, изјави Скерлев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот