Скендеровски ги одреди футсалците за квалификациите

фото: ФФМ

Македонската А футсал репрезентација утре ги започнува подготовките за претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда од квалификациите за Европско првенство 2022.

Македонската репрезентација е домаќин на групата во која се наоѓаат Норвешка и Велс. Првопласираниот обезбедува директен пласман во главната фаза, додека вториот од групата игра бараж за место во најдобрата квалификациска група.

– По лошо одиграниот квалификациски турнир за пласман на Светско првенство, како повратник во репрезентацијата пред мене е голем предизвик, пред се да го вратиме победничкиот дух и атмосферата која во изминатите години ја красеше оваа селекција.

Не смееме да бегаме од улогата на фаворити, иако сериозно е разнишана самодовербата кај играчите, но за мене тоа е дополнителен мотив да ја прифатам одговорноста и повторно да застанам на чело на репрезентацијата. Не очекуваат два интересни и возбудливи натпревари, но имајќи го в предвид квалитетот на селекциите се чини дека битката за директен пласман во главната рунда ќе биде помеѓу нашата и норвешката селекција.

Иако на турнирот поради повреда ги немаме Адријан Мицевски, Драган Петровиќ и Мартин тодоровски, сепак сметам дека сме доволно квалитетни да ја оправдаме фаворитската улога. Имаме повратници во тимот, но и тројца дебитанти, Јованов Јосиф, Лазар Пеев и Бериша Шефкет кои се надевам дека ќе ја оправдаат довербата и ќе дадат свои придонес, изјави Васко Скендеровски.

Првиот натпревар, Македонија ќе го одигра на 30. јануари против Велс, додека на 1. февруари се соочуваме со Норвешка. Двете пресметки се закажани за 19:00 часот.

Селекторот Васко Скендеровски за двата натпревари во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе смета на следните играчи:

ГОЛМАНИ: Антонио Петровски (КМФ СК Проект Цико), Влатко Петровски (КМФ Кеги-Моби), Шефкет Бериша (КМФ Шкупи);

ОДБРАНА: Зоран Левески (КМФ Шкупи), Таулант Исмаили (КМФ Арбен Бајрами), Ферид Агуши (КМФ Шкупи), Даниел Де Соуза (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија);

НАПАД: Иван Крстевски (Врање, Србија), Александар Глигоров (КМФ Шкупи), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Јосиф Јовнаов (КМФ СК Проект Цико), Дарко Ранготов (КМФ СК Прпект Цико), Димче Андов (КМФ СК Проект Цико), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Џокица Арсовски (Мускрон, Белгија), Еркан Сефери (КМФ Шкупи), Лазар Пеев (КМФ Велес);

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот