Скариоло го објави списокот за ЕП: Никогаш „послаба“ Шпанија атакува на нов медал

фото: EPA-EFE/Angel Medina G.

Иако важи за еден од фаворитите, шпанската кошаркарска репрезентација ќе игра во нешто послаб состав од оној на која сме навикнати, но остануваат меѓу фаворитите.

Селекторот на црвената „фурија“, Серџо Скариоло го објави списокот на играчи на кои смета за претстојниот Евробаскет (1-18 септември). Во истиот веќе ги нема големите ѕвезди како браќата Марк и Пау Гасол, потоа Серж Ибака, Хуан Карлос Наваро, Серхио Љуљ, Фелипе Рејес, Хозе Калдерон, Никола Миротиќ…

Пред патувањето во Тбилиси (Грузија), Скариоло нема да смета на младиот плејмејкер Хуан Нуњез и центарот Фран Гуера. Така, Шпанија ќе ја брани бронзата и ќе атакува на нов медал со следните играчи:

Лоренцо Браун, Хаиме Прадиља, Руди Фернандез, Чаби Лопез-Аростеги, Хаиме Фернандез, Дарио Бризуела, Алберто Дијаз, Себас Саиз, Вили Еернангомез, Усман Гаруба, Хуанчо Хернангомез и Жоел Пара.

На Европското првенство Шпанија ќе игра во групата „А“ заедно со Црна Гора, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот